Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари - август 2014 година изнесува 3,2 милијарди долари, што е за 480 милиони долари повеќе во однос на истиоте период лани, покжауват податоците што во петокот ги објави Државниот завод за статистика. Истовремено увозот достигнал 4,8 милијарди долари, што е за околу 550 милиони долари повеќе во однос на период јануари - август 2013 година. Трговскиот дефицит во првите осум месеци од годината изнесува речиси 1,6 милијарди долари, што е околу 70 милиони долари повеќе во однос на лани. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 66,7 отсто, додека во истиот период лани изнесувала 64,1 отсто.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари - август 2014 година изнесува 3,2 милијарди долари, што е за 480 милиони долари повеќе во однос на истиоте период лани, покжауват податоците што во петокот ги објави Државниот завод за статистика.
Истовремено увозот достигнал 4,8 милијарди долари, што е за околу 550 милиони долари повеќе во однос на период јануари - август 2013 година.
Трговскиот дефицит во првите осум месеци од годината изнесува речиси 1,6 милијарди долари, што е околу 70 милиони долари повеќе во однос на лани.
Покриеноста на увозот со извоз изнесува 66,7 отсто, додека во истиот период лани изнесувала 64,1 отсто.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетови на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи) и облеката.
Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и масла добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платина и легурите на платина, необработени или во прав, електричната енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Според вкупниот обем на надворешно- трговската размена, Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија (52,6 отсто од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).